Кривична пријава за директор на училиште за земање поголема плата од утврдената
Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Т.Д. (46) од Гевгелија осомничен за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од март 2010 година до септември 2017 година пријавениот како директор на ООУ „Климент Охридски“ во гевгелиското село Миравци, и наредил на вработената како секретар, благајник и сметководител во училиштето да му биде пресметуван, а со тоа и исплатуван надоместок на личен доход како за директор на основно училиште со обем од 17 до 36 паралелки, наместо да му биде пресметуван и исплатуван надоместок на личен доход за директор на основно училиште од мал обем (до 16 паралелки), во кој ранг спаѓало наведеното училиште.
Тој постапил спротивно на колективниот договор за основно образование, како и спротивно на спогодбите меѓу СОНК и Министерството за образование и наука, и утврдените коефициенти за исплата на плати. На тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 162.393 денари на штета на буџетот на Република Македонија.