Кредитниот рејтинг на Грција под закана доколку не се намалат пензиите


Грција- Меѓународната бонитетна агенција „Мудис“ најави дека е можно да го намали кредитниот рејтинг на Грција, доколку Владата и Парламентот не го реализираат планираното ново намалување на пензиите.

Според весникот „Катимерини“, „Мудис“ го упатил ова ново предупредување до Грција, велејќи дека секој застој во кратењето на пензиите ќе значи нов притисок на финансиските пазари врз Грција.

Рејтингот на Грција беше двапати подобрен, но исклучитено високото ниво на државен долг, бавното спроведување на реформите и слабостите во банкарскиот сектор остануваат како главни проблеми на грчката економија.

Агенцијата оценува дека краткорочно Грција може да има стабилна кредитна слика, но на среден рок остануваат сериозните нерешни проблеми, меѓу кои е и демографската состојба и исселувањето на младото работоспособно население.