Крај на една модна епоха: Последната ревија на Каролина Херера


САД- Чудни времиња доаѓаат за модната индустрија. Откако минатата недела и официјално беше објавено дека Каролина Херера ќе ја претстави својата последна ревија како шеф дизајнер на сопствен бренд, вчера и официјално таа беше испратена во историјата на модата.

Модната куќа е основана во 1980 година и ќе биде преземена од Вес Гордон, кој со неа ќе создава свои колекции.

Веста доаѓа по средината на искрени поместувања и промени во Модна недела во Њујорк, во кои утврдените имиња итаат и кон Париз, а новата генерација на дизајнери ги ставаат под прашање значењата на скапите ревии што два пати годишно се одржуваат, особено во услови на дигитална ера, која постојано бара нови работни идеи.

На 79-годишна возраст, Херера е една од последните основачи дизајнери на модни куќи, а на овој терен остана да твориединствениот Ралф Лорен.

Култната дизајнерката избра комбинација помеѓу спортското и елегантното и доаѓа како препознатлив ракопис од бела кошула или топ со црна здолниште или панталони.

Оваа ревија е подарок за архивите на модната куќа кој е материјализиран со отпечатоци на диви мачки и цветни елементи.

Омилениот 3D вез е комбинација на акценти на разнобоен тул, кој се прелива и трансформира со движењето на телото.

Финалето се појави како сцена од филмот, најлегендарните бели кошули, некои дизајнирани од нејзината рака се појавија во комбинација со воздушести здолништа со линеарни резови и задолжително со акцент на појасот кој се фокусира на женската половина.

Каролина Херера беше придружувана од најблиските луѓе од нејзиниот тим, со кои таа работeше во ателјето на модната куќа, кои и подарија букет црвени рози посветени и од нејзиниот наследник – Вес Гордон.