Кралско семејство: Официјални фотографии од свадбата на принцезата Евгенија и Џек Бруксбенк


Англија– Британското кралско семејство, по традиција ги објави официјалните фотографии од свадбата на принцезата Евгенија од Јорк (28) и амбасадорот на бренд за текила Џек Бруксбенк (32). Членовите на кралското семејство, децата и интимните фотографии од двојката се снимени во замокот Виндзор.

Внуката на кралицата Елизабета Втора, поточно ќерката на принцот Ендру, војводата и војвотката од Јорка, Сара Фергусон, е деветта во редот за тронот, веднаш после својата најстара сестра, принцезата Беатрис.

Славни гости пристигнаа на свадбата-актери, пејачи и манекени. Ели Гулдинг, Наоми Кембел, Кјара и Попи Делавињ, Роби Вилијамс, Деми Мур, Лив Тајлер, Џејмс Блант, Холи Валанс, Пикси Гелдоф,… беа меѓу славните гости на свадбата, втора по ред годинава во британското кралско семејство, по онаа на принцот Хари и Меган Маркл.

Питер Пилото и Кристофер Де Во ја дизајнираа венчаницата на принцезата Евгенија, а носеше чевли на Шарлот Олимпија и дијамантска тијара. Меган Маркл се венчаше во „Живанши“, а Кејт Мидлтон во „Александар Меквин“.Релативно непознатиот двоец на модната сцена е присутен од 2007 година, и се продаваат во над 49 земји.

Меган за свадбата избра тегет тоалета од „Живанши“, а Кејт во циклама боја на „Александар Меквин“.

Принцезата и поранешниот менаџер се запознале во ноќен клуб во Швајцарија, кога таа имала 20, а тој 24 години, а заедно се веќе седум години. Џек ја запросил Јуџин во јануари оваа година, во Никарагва.

Кума на венчавката ѝ беше нејзината сестра Беатрис, додека кум на Џек -неговиот брат Томас.