Кралицата Елизабета со музички концерт го прослави 92 роденден


Англија– Британската кралица Елизабета Втора го прослави 92 роденден во салата „Ројал Алберт Хол“  во Лондон, каде е организиран концерт во нејзина чест.

На роденденската прослава пееја Том Џонс, Кајли Миног, Стинг, Шеги, Шон Мендес, Крег Дејвид и многу други.

Кралицата уживаше со сите членови на кралското семејство, односно со семејствата на принцовите Чарлс, Вилијам, Хари и неговата вереница Меган Маркл.

Нејзиниот сопруг Филип не беше присутен бидејќи заздравува од извршена операција. Не присуствуваше ниту Кејт, бидејќи во текот на овие денови се очекува да се породи.

Сите приходи од концертот ќе им бидат доделени на организацијата „The Queen’s Commonwealth Trust“, нова хуманитарна организација која охрабрува млади луѓе да постигнат подобри резултати во спорт, образование и здравје.

Елизабета Втора стана кралица во 1952 година, на 25 години. Кралица е веќе 66 години.