„Кралевите“ од Мадрид најдобри во светот


Фудбалерите на Реал Мадрид се повторно најдобри во светот. Во финалето од Светското клупско фудбалско првенство, попладнево во Абу даби го совладаа бразилски Гремио со 1-0. Стрелец на единствениот погодок беше Роналдо во 53 минута. „Кралевите“ беа убедливо подобар противник, ја контролираа играта, а Модриќ ја погоди стативата. Реал Мадрид по трет пат последниве пет години е најдобар на светот.