Коѕијас си поднесе оставка


Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, кој беше еден од главните креатори на договорот од Преспа, денeска си поднесе оставка.

Оставката е епилог на вчерашната кавга на Коѕијас со министерот за одбрана Панос Каменос на владина седница на која, според оценката на Коѕијас, премиерот Алексис Ципрас не застанал доволно на негова страна.