Коѕијас: Другата страна да се согласи на ерга омнес


Треба да биде сфатено од другата страна дека треба да се согласи за ерга омнес и да одиме кон сеопфатен, позитивен договор, вели шефот на грчката дипломатија од Брисел по Советот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО.

– Ставивме јасно до знаење дека за ПЈРМ да добие покана за НАТО, ќе треба да ја имплементира одлуката од Букурешт од 2008, како и резултатите од преговорите. Треба да биде сфатено од другата страна дека треба да се согласи за ерга омнес и да одиме кон сеопфатен, позитивен договор, изјави министерот за надворешни работи на Грција.