Кочов: Дојдете да ни помогнете кога ни е најтешко


Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓи Кочов упати апел до навивачите на „сино-белите“ во што поголем број да дојдат на утрешниот дуел со лидерот на табелата во АБА2-лигата, словенечка Приморска.

МЗТ на овој натпревар ќе настапи ослабен без повредените Лестер Медфорд, Љубомир Младеновски и Андреј Маслинко.

Се наоѓаме во најтешка ситуација до сега. На списокот на повредени кошаркари се најде и Медфорд, а секој кој изгледал барем една наша средба знае колку тој е важен за нашиот тим. Згора на тоа, сѐ уште не можеме да сметаме на Младеновски и на Маслинко, што дополнително ја отежнува нашата ситуација. Единствено позитивно е што играме дома и ја користам можноста да ги повикам сите навивачи на МЗТ Скопје да дојдат и да ни ја дадат поддршката кога ни е најмногу потребна. А, ние ќе излеземе на терен и ќе дадеме сѐод себе за да победиме во овој исклучително важен меч за нас, изјави Кочов за веб-страница на клубот од Аеродром.

Натпреварот почнува во 18 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.