Костадинов: Ќе имаме инклузивен и реален буџет за Валандово


Градоначалникот на оштина Валандово, Перо Костадинов на своите граѓани им ветува дека ќе предложи инклузивен и реален буџет што го дозволува состојбата во општината.

– Буџетот ќе го кроиме малку поинаку од претходните години, така што ќе можеме да ги реализираме сите работиме кои ги ветивме во кампањата. Тие работи ги заслужуваат граѓаните на Валандово и ги очекуваат – вели Костадинов зборувајќи за нацрт-буџетот на општината.

Во неговото гостување на Радио Валандово тој потенцираше дека како главен приоритет за него како градоначалник е во наредниот период да ги реализира урбаснистичките планови во општината.