Косово усвои нацрт-закон за дијалогот со Србија


Владата на Косово на денешната седница го усвои нацрт-законот за задачите, одговорностите и надлежностите на државната делегација во процесот на дијалогот со Србија.

Премиерот Рамуш Харадинај изјави дека нацрт-законот не задира во надлежностите на претседателот на државата Хашим Тачи во дијалогот.

– Законот не навлегува во надлежностите на претседателот, туку само му дава законски основа на функционирањето на делегацијата, изјави Харадинај по владината седница.

Владата одлучи да издвои средства во вредност од 300.000 евра за потребите на преговарачкиот тим.