Косово испрати спасувачки екипи во Албанија


Косово денеска испрати први спасувачки екипи во Албанија за справувањето со големите поплави, со кои се соочува земјата. По барање на Кризниот штаб на Албанија во поддршка на акците за спасување испратени се пет спасувачки екипи и тројца експерти за проценка на состојбата. Доколку има потреба косовските власти најавија дополнителна помош. Екипите се составени од по 34 припаднци на професоналната протвпожарна единица и единицата за спасување, опремени со соодветна опрема за извршување акции за спасување од поплави. Инаку, Албанија понатаму се соочува со вонредна состојба поради поплавите предзвикани од поројните дождови во изминатите три дена. Евакурани се околу пет илјади лица од нивните домови. Најпогоден е јужнот дел на земјата, посебно подрачјата на Фиер и Валона, низ кои минува реката Вјоца, чие ниво е над постојните мостови. Тука се поплавени четири илјади хектари земја, а под вода се повеќе од 600 домови. Само во овој дел ангажирани се 710 припадници на полицијата, армијата и противпожарните едници, како и 152 возила. Многу населени места во општините Елбасан, Грамж, Булќиза, Либражд, се без електрична енергија. Во северниот дел на земјата дополнителен проблем претставува снегот кој паѓаше во текот на ноќта.