Кортни Кардашијан: Ја носи најскапата „Фенди“ бунда


САД- Кортни, сестрата од кланот Кардашијан со најмногу стил, за спортски активности, избра да носи скапа вистинска бунда од лисица од ланската колекција на „Фенди“ и го налути ПЕТА-здружението за заштита на животните.

Луксузната кратка бунда во боја на црвено вино е украсен со цветови од канадска лисица и со стаклени каменчиња и се уште може да се купи во американските продавници.

Претходно, активистката Памела Андерсон на адреса на сестрите Кардашијан им испрати еколошка бунда за да ги натера славните сестри да не носат вистинско крзно. Претходно, луксузни брендови како „Гучи“, „Стела Мекартни“, Мајкл Корс… ги исфрлија крзната од животните од своите актуелни и следни колекции.