Кончита ја избричи брадата и стана пак маж


Австрија– Трансродовиот брадест пејач Кончита чие вистинско име е Том Њувирт, кој победи на Евросонг пред пет години има нов имиџ за новиот спот “Hit me” . Изгледа тотално непрепознатливо и – бело.

Гламурозните фустани ги замени со тренерки, а драматичната шминка е сведена на минимум, додека косата и брадата од црни – станаа руси.

Лани австриската ѕвезда призна дека со години е ХИВ позитивна, откако поранешниот партнер и се закани дека тоа ќе го изнесе во јавност.