Концерт на „Фанк шуи“ на 29 март во МКЦ


Групата „Фанк шуи“ ќе го имаат својот прв соло концерт на 29 март во МКЦ, соопшти Авалон продукција.

Изминатата година им беше доста плодна и активна со настапи на големи сцени и со големи артисти, имаа неколку нови изданија од кои излегоа хитовите „Виулица/Сомнежи?“, „Крик“, „Стаклени нозе“, „Деца“…

Билетите за концертот се пуштени во продажба преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk по цена од 300 денари, а на денот на концертот- 400 денари.