Концерт на Здравко Чолиќ наесен во Скопје


Регионалната поп-ѕвезда Здравко Чолиќ наесен ќе одржи концерт во Скопје, во организација на „Прагма продукција“. Концертот е најавен за 10 ноември, во ВИП Арената Борис Трајковски. По четири години од последниот концерт во Скопје, верната публика со нетрпение го очекува својот миленик, за да ужива во неговите безвременски и нвпесни и дружење со исклучително харизматичниот Чола.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба на 1. септември и истите може да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com, “Пола Југотон” и“Цвеќара Розе” – Веро 2.