Концерт на Балашевиќ на 19 мај во Скопје


Славниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ на 19 мај, во 20 часот, ќе одржи концерт во ВИП Арената „Борис Трајковски“, во организација на „Авалон продукција“.  Гостувањето е во рамки на последната турнеја во која во рекордно време беа распродадени сите арени во регионот: загребската, белградската, „Зетра“ во Сарајево, „Спенс“ во Нови сад и друг.

Балашевиќ во изминатиот период ја објави својата нова книга продолжение на „Календар мог детинства“, како и фантастичната нова песна „Дно дна“, која предизвика огромно внимание низ целиот регион.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба на 15 февруари во 9 часот наутро, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и онлајн, по следниве цени и категории:

700 денари ПАРТЕР (стоење), 900 денари ТРИБИНИ (блок 1 и 15), 1000 денари ТРИБИНИ (блок 2, 5, 6, 7, 9, 10, 11 и 14), 1200 денари GOLDEN SEATS (блок 4, 8 и 12)