Концерт за Денот на вљубените: Македонска филхармонија со балади од Леонард Коен, Ник Кејв, Џони Кеш и Ненси Синатра


Со евергрините на Леонард Коен, Ник Кејв, Том Вејтс, Џони Кеш и Ненси Синатра  на концертот насловен „Murder Ballads“ Македонската филхармонија вечерва во 20 часот ќе го одбележи денот на лозарите и вљубените – 14 февруари.

Публиката ќе ја има уникатната можност да ужива во аранжманите на овие балади прилагодени за симфониски оркестар кои ги подготви Џијан Емин, во изведба на солистите Тања Царовска, која кариерата ја гради надвор од земјава и Бранислав Николов, вокалист на „Фолтин“. Ќе учествува и актерот од Прилепскиот театар, Димитар Ѓорѓиевски.