Концерти на отворено: Масимо Савиќ и Каролина во Охрид и во Битола


Хрватската поп-ѕвезда Масимо Савиќ на 14 јули доаѓа за прв пат во Охрид и за прв пат на open air концерт во Македонија, во рамки на летната балканска турнеја во која го промовира својот најнов студиски албум, насловен „Sada“. Премиерно во Охрид ќе бидат изведени песните од новиот албум, а се разбира и легендарните: „Dodirni me slucajno“, „Stranac u noci“, „Iz jednog pogleda“, „Zagrli me“, „Krug u zitu“, „Sjaj u tami“…

Еден ден подоцна, за прв пат настапува во Битола на open air концерт во Античкиот театар Хераклеа.

Поп-ѕвездата Каролина Гочева-Корубин на 10 август има настап во родната Битола, на Хераклеја, а еден ден подоцна, на Антички во Охрид.

Концертите се во организација на „Авалон продукција“.