Концертите на „Парни ваљак“ откажани: Аки Рахимовски доживеал мозочен удар


Хрватска- Легендарниот пејач на „Парни валјак“ Аки Ракимовски доживеал мозочен удар па сите концерти на популарниот бенд се откажани за понатаму.

„Драги наши, за жа, принудени сме да ги откажеме сите концерти за понатаму. Аки Ракимовски имаше лесен мозочен удар, и иако сега се чувствува подобро, треба некое време да се сконцетрираме на опоравувањето. Многу сериозно ја сфаќаме својата работа и со незадоволство разочаруваме илјадници од вас кои толку се радувавте на концертите, но здравјето на Аки сега е на прво место.

Соопштението е објавено на официјалните страни на хрватскиот бенд на Инстаграм и Фејсбук.