Конечно крај на седниците во „белиот дворец“, закажана прес-конференција


Почнаа некаде пред 17 часот, завршија околу 22.30 часот, имаа само половина час пауза од крајот на седницата на Извршниот комитет, до почетокот на состанокот на Централниот комитет. Вака изгледаше попладнето во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. После 23 часот, во „белиот дворец“ е закажана прес-конференција, на која раководството ќе ги соопшти одлуките во врска со референдумот за името на 30 септември. Како што објавивме, партијата одлучи граѓаните сами да одлучат дали и како ќе гласаат. (Г.А.)