Колку трае породилното боледување во светот: Најкусо во САД, најдолго во Естонија


Најкусо породилно боледување во светот има во САД и тоа трае само два месеци. Од друга страна, Естонија нуди и повеќе од 1,5 година платено отсуство со што е земја со најголеми бенефиции за бремените жени.Други земји нудат по една година: Бугарија, Унгарија, Јапонија, Литванија, Австрија, Чешка, Летонија, Норвешка, Словачка…

Во 19 од 41 земји платеното отсуство се однесува на родилките, а во 31 земја и татковците имаат право на отсуство. Сепак, нивното право е поскромно, односно, во просек, две недели.Исклучок се Јапонија со 30 недели и Кореја со 16 недели. Португалија, Луксембург и Норвешка на новите татковци им даваат околу два месеци платено отсуство. На Кипар, Израел, Турција, Ирска, Швајцарија и Нов Зеланд платеното отсуство се однесува на раѓањето и грижата за детето, но татковците немаат право на такво отсуство.