Колегите се простија од Глоговац со стоечки аплауз (ВИДЕО)


Небојша Глоговац беше еден од најдобрите актери во Србија, а глумеше во многу филмови, меѓу кои и „До коска“, „Буре барут“, Кога ќе пораснам ќе бидат кенгур“, „Ќе се вратат штрковите“ и многу други.

Целиот балкански регион беше шокиран од веста за смртта на српскиот актер, а неговите колеги од театарот на комеморацијата организирана во негова чест се простија со громогласен стоечки аплауз.