„Кока-Кола“, покрај за „Бамби“, заинтересирана и за „Књаз Милош“


Директорот на српската групација „Мои брендови“, Андреј Јовановиќ соопшти дека компанијата „Кока-Кола“ е заинтересирана за купување и на фирмата „Књаз Милош“.

Во рамки на „Мои брендови“ дејствуваат компаниите „Имлек“, „Књаз Милош“, како и „Бамби“, која „Кока-Кола“ ја купи од групацијата за 260 милиони евра и чека одобрение од Комисијата за заштита на конкуренцијата.

– „Плазма кекс“ ќе се служи со секое кафе во синџирот кафетерии „Коста Кофи“, што е во сопственост на „Кока-Кола“, соопшти Јовановиќ.

Тиј ги негираше информациите дека купопродажбата на „Књаз Милош“ е веќе договорена.

– Не е точно дека сме ја продале „Књаз Милош“. Ако прашувате дали тие се заинтересирани за купување, можам да ви потврдам. Ако е некој добар партнер како што е „Кока-Кола“, тогаш постои можност, рече Јовановиќ.

Доколку дојде до оваа аквизиција (преземање), „Кока-Кола ќе има околу 40 отсто од пазарната вредност, што е на граница на монопол.

Компанијата „Кока-Кола“ во однос на купувањето на „Бамби“, пак, вчера соопшти дека нејзина стратешка намера е ова преземање да и овозможи нови развојни можности во Србија и регионот, како и можност за проширување во комплементарни категории производи.