Ковач: Да се предадам?! Тој збор го нема во мојот речник


Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач воопшто не размислува за оставка и покрај тоа што во текот на викендот тимот забележа нов неуспех, играјќи 3:3 против претпоследниот во Бундеслигата, Фортуна Дизелдорф.

 – Не се плашам од разрешување. И јас никогаш не се предавам. Зборот „се предавам“ не е во мојот речник. Кој ме познава, знае дека сум борец, без разлика што се случува, изјави хрватскиот стратег.
Во саботата неговата екипа претрпе еден куп критики од претседателот Ули Хенес, а средбата со Бенфика од Лигата на Шампионите утре може да биде последна за Ковач, откако управата веќе објави дека по неа ќе се решава неговата иднина.
– Се согласувам со мислењето на Хенес за прикажаното од нас во овој натпревар. Вистина е дека дозволивме голови на начин на кој не требаше. Таквите грешки не треба да се случуваат. Во принцип најтешкиот дел во фудбалот е нападот, додека одбраната е релативно најлесната работа. Во Дортмунд ја изгубивме борбата во центарот, а Фортуна не „фати“ на контранапад, иако ние водевме во резултатот, рече уште Ковач.