Денеска во кинескиот град Шенжен беше извршена ждрепката за групната фаза за претстојното Светско првенство во кошарка. Мундијалот се игра од 31 август до 15 септември во осум кинески града, а пласман во следната фаза ќе обезбедат најдобрите две репрезентации од групите. Ова ќе биде 18 по ред планетарно натпреварување, 69 години по премиерното издание 1950 година во Аргентина, а за прв пат ќе учествуваат 32 репрезентации распоредени во осум групи.
Коби Брајант амбасадорот на Мундо баскетот ги извлекуваше групите. „Дали мислам дека Србија моќе да ги победи САД, одговорот е „да“. Мислам дека тоа е единствениот тим кој има шанси да не победи. И затоа мора да бидеме на прсти и подготвени, бидејќи може да бидеме поразени“, изјави Брајант на едно од новинарските прашања.
Групи за СП во Кина:
Група А: Брег на Слонова Коска, Полска, Венецуела, Кина
Група Б: Русија, Аргентина, Кореа, Нигерија
Група Ц: Шпанија, Иран, Порторико, Тунис
Група Д: Ангола, Филипини, Италија, Србија
Група Е: Турција, Чешка, САД, Јапонија
Група Ф: Грција, Нов Зеланд, Бразил, Црна Гора
Група Г: Доминиканска Република, Франција, Германија, Јордан
Група Х: Сенегал, Канада, Литванија, Австралија