„Книжевен жезол“ на ДПМ за поетите Видое Видичевски и Ѓеорѓе Добре


Наградата „Книжевен жезол“ на Друштвото на писателите на Македонија за исклучителен поетски опус годинава ќе ја добијат македонскиот поет Видое Видичевски и поетот од Романија Ѓеорѓе Добре.

Наградите ќе им бидат врачени в четврток во ДПМ на традиционалната манифестација „Празник на липите“. Како што соопшти ДПМ, за поезијата на Видичевски ќе говори Раде Силјан, а за поезијата на Добре – Ермис Лафазановски.

На настанот ќе биде врачена и плакета на поетесата Мирјана Тренчева, добитник на наградата „Даница Ручигај“ за 2017  година.

На поетскиот митинг ќе бидат читани песни и есеи испратени на анонимниот конкурс на ДПМ и ќе бидат врачени плакети на авторите чии дела стручно жири ги избра за најуспешни.