Клуни лесно повреден во сообраќајќа со мотоцикл


Италија– Оскаровецот Џорџ Клуни е примен во болница во Сардинија, откако бил повреден во несреќа со мотоцикл, открива „Блумберг“.

Болницата The John Paul II во Олбија соошшти дека Клуни е примен и прегледан ,но веќе е пуштен, бидејќи нема сериозни повреди.

Локалниот дневен весник „La Nuova Sardegna“ открива дека 57-годишниот Клуни бил на неговиот мотоцикл кога бил удрен од автомобил.

Се верува дека инцидентот се случил во Коста Коралина, во провинцијата Олбија.

За среќа, актерот не е сериозно повреден.