Кличко нема да се враќа на рингот


Поранешниот шампион во бокс, Владимир Кличко конечно ги прокоментира гласините за неговото враќање во рингот откако во 2017 година се повлече по поразот од Антони Џошуа.

Британскиот новинар Крис Маникс ја распространи изјавата на Кличко, која донесе разочарување кај навивачите на украинската легенда.

– Владимир Кличко лично ми кажа дека гласините за обнова на неговата спортска кариера оваа пролет се неосновани, напиша Манингс.

Четириесет и три годишниот Кличко беше поврзуван од многу светски медиуми за речиси сигурен иден ривал на Џошуа, откако претходно требаше да се бори со Дилијан Вајт.