Кијара Ферањи го облече „евијан“ за 2018 година


Франција- Стилската ѕвезда Кијара Ферањи е најновото дизајнерско име кое го „облече“ шишето „евијан“ за 2018 година. Од Жан Пол-Готје до Полс Смит или Исеј Мјаке, секоја година „евијан“ соработува со уникатни имиња од светот на модата со цел да ја прослави новата година.

„Се обидов да ја донесам мојата сопствена гледна точка и да се поклопам со младата состојба на умот на ‘евијан’“, изјави Ферањи.

Стаклените шишиња ги прикажуваат логото на Ферањани и мотивите на ѕвездите, како и четири ексклузивни икони инспирирани од брендот „евијан“.  Брендот „евијан“ е распространет на пет континенти и во повеќе од 120 земји. Најскап е зашто водата повеќе од 15 години е филтрирана од срцето на Алпите.