Кичевец пренесен во болница откако се здобил со сериозни повреди на работно место во фабрика


Во Општата болница во Кичево рано изутрината со возило на Итната медицинска помош бил донесен 59-годишниот Д.М., кој се здобил со сериозни повреди на работното место во фабрика во градот.

Поради сериозноста на повредите со медицинско возило тој е префрлен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид на понатамошно лекување.

Се преземат мерки за расчистување на случајот, информира Стефан Димоски од СВР-Охрид.