Кирил Џајковски, САФ, „Фанк Шуи“ на Скопје стрит фестивал


По шести пат овој викенд во Градски парк во Скопје ќе се одржи Скопје стрит Фестивал. Фестивалот е отворен, без карти, и оваа година вклучува пет стејџа: графити, стрит бол помеѓу познати скопски кафулиња, денс стејџ, музички стејџ, отворени до 9 јуни, 01.00 часот.

Организаторите најавуваат огромен број на креативни, забавни и едукативни концепти, врзани на една платформа која урбано го буди Скопје.

„Скопје Стрит Фестивал во изминатите шест години беше домаќин на повеќе од 200 артисти од Македонија, регионот, а и од светот и повеќе од десетици илјади посетители. На ова шесто роденденско издание на главен музички стејџ ќе имаме можност да ги видиме „Фанк Шуи“, САФ со 20 години Скопска Ситуација и виртуозниот продуцент Кирил Џајковски заедно со MC David Lion. Програмата е надополнета со супер листа на македонски диџеи како Чваре, Маци, Флудер, Мартин Војдановски, Страјк“, соопштуваат организаторите од агенцијата „Подиум“.