Кипчоге го сруши светскиот рекорд во маратон


Величествениот Кениец пишува историја. Елиуд Кипчоге (33) на Берлинскиот маратон утрово го сруши светскиот рекорд, истрчувајќи ја патеката од 42 километри за два часа, една минута и 39 секунди, што е за 78 секунди помалку од довчерашниот рекорд. На тој начин, Кипчоге го надмина својот сонародник Денис Кимет, кој светскиот рекорд го постави на истото место во 2014 година.

Ми недостигаат зборови да опишам како се чувствувам. Не беше лесно, но јас бев подготвен да ја истрчам својата најдобра трка. Работев напорно во Кенија, тренирам многу добро и морам да им се заблагодарам на своите тренери, менаџерите и целата организација за овој голем успех“, рече новиот светски рекордер.

Кипчоге е и актуелен олимписки победник од Рио во маратон, но има и олимписко сребро и бронза на 5.000 метри, светско злато и сребро на истата должина, а победувал на маратоните во Лондон, Берлин, Чикаго…