Кинези со дронови прошверцувале телефони вредни 80 милиони долари
Кинеските власти разбиле група шверцери кои со дронови нелегално пренесувале паметни телефони од Хонг Конг.
Шверцерите пренесувале и по 15.000 телефони за една ноќ.
– Секој ден од 10.000 до 15.000 телефони се пренесувале преку граница. Со оглед на тоа дека работеле 15 денови месечно, нивниот месечен приход бил над 1,3 милиони евра – наведе заменик-шефот на Бирото против криумчарење, Чен Лијанг.
Групата работела шест месеци, а за тоа време нивната техника ја довеле до совршенство.
Запленети се половни телефони во вредност од 80.000 милиони долари.
Кинеските медиуми јавија дека тоа е веројатно првиот случај во Кина во кој криумчари користеле дронови за пренесување на предмети преку граница.