Ким Кардашијан со доминантно деколте на „amfAR“ гала вечерта во Њујорк


Ким и Кортни Кардашијан на црвениот тепих од гала вечерта „amfAR“ во Њујорк се погрижија сите очи и објективи да бидат вперени во нив. Особено внимание привлекуваше Ким со нејзиното раскошно и доминантно деколте.

Црниот Versace фустан кој го носеше Ким со огромно и длабоко деколте ги „прикова“ погледите од присутните и објективите од фоторепортерите врз неа. Остатокот од работата за вниманието го завршија сите светски шоубизнис медиуми.