Киево казнетo со одземање три бода


Екипата на Киево од Верона е казнета со одземање три бода, одлучи Италијанскиот фудбалски сојуз.

„Летечките магариња“ се санкционирани поради финансиски малверзации на раководството. Имено, претседателот на Киево, Лука Цампедели, заедно со луѓе од Чезена, разменувал играчи по цена далеку повисока од реалната при што на клубот му создал лажен профит од 25 милиони евра.

Покрај одземените бодови, Киево на сметката на тамошниот фудбалски сојуз ќе треба да плати и 200 илјади евра.

Воедно, првиот човек на клубот од Верона е суспендиран со три месеци.

По одземените бодови, Киево по четири одиграни кола падна на последното место на табелата во Серија А со -1 бод.