Кајли Џенер го прослави 21-от роденден и првата милијарда долари


САД– Во розово од глава до пети, како куклата Барби, Кајли Џенер официјално наврши полнолетство и го прослави во ресторан во Западен Холивуд во друштво на најблиските пријателки и семејството.

За своите скромни 21 години, Кајли успеа да ја смени 575 пати својата фризура, да стане мајка, да создаде сопствена бизнис империја и да се претвори во една од најпознатите жени на планетата.

Ден пред роденденот , Кајли ја промени бојата на косата во платинесто руса, облече сатенско розов фустан, а подоцна го смени фустанот со секси облека и чевли Лубутан. Збунетост меѓу следбениците нејзини предизвика само сликата во Инстаграм, на која таа позира со своето семејство со експлицитен гест.

Економскиот магазин „Форбс“ неодамна ја објави листата на најбогати жени во Америка кои сами го стекнале богатството, а многумина се изненадија кога ја видоа Кајли Џенер на листата.

21- годишната ѕвезда од Кардашијан-Џенер кланот „тежи“ 900 милиони долари и се очекува наскоро да стигне до 1 милијарда, а растот на богатството ја прави најмладата милијардерка во светот, титула која некогаш ја носеле Марк Закерберг и Бил Гејтс.

Иако е најмлада од сите сестри, таа се најде на насловната страна на „Форбс“ и успеа да ја надмине дури и полусестрата Ким Кардашијан чие богатство е проценето на 350 милиони долари.

Нејзината компанија за козметика, Kylie Cosmetics, за 2 години продала шминка вредна 630 милиони долари. Таа поседува 100% од компанијата, а најголем дел од работата и рекламирањето се случува на социјалните мрежи, каде има лесен пристап до фановите и купувачите.

Направи милиони со учеството во семејното ријалити шоу „Keeping Up With The Kardashians“.

Во октомври, 2017-та, Кардашијан-Џенер добиле 150 милиони долари за да го продолжат договорот, но не се знае како се поделени парите. Плус, во 2017-та таа стана дел и од шоуто посветено за неа, „Life of Kylie“.

Има многу профитабилни договори со компании како „Пума“ и многу други кои ги рекламира на социјалните мрежи. Кајли има и линија за облека и аксесоари заедно со нејзината сестра Кендал Џенер.

Нејзината официјална апликација направила 105.170 долари првиот ден откако била пуштена и се искачила на листите.