Кацарска: Камчев ми е куќен пријател- веднаш би барала изземање од случајот „Империја“


На вечерашното гостување во 1ТВ, судијката Добрила Кацарска се осврна и на предметот на СЈО под името „Империја“, каде што во притвор заврши Орце Камчев.

-Фамилијата Камчеви не се само мои пријатели, тоа се наши фамилијарни пријатели. Ова пријателство не е од пред 5 години, уште чичко ми од студентски денови бил пријател со сега покојниот Илија Камчев, а со него се дружеше и татко ми. Мојата мајка работеше преку 30 години кај Илија Камчев, снаа за мој прв братучед 30 години работеше кај Камчев, ќерка ми работи во Систина. Јас тоа пријателство не само што не го кријам туку јавно ќе кажам дека тие луѓе биле дел од мојот живот и така ќе остане. Во поглед на мое интересирање во притворот под полна материјална одговорност кажувам дека не сум реагирала кај ниту еден судија-, истакна Кацарска.

Кацарска нагласи и дека доколку и биде предаден случајот „Империја“ ќе побара иземање од предметот.

-Немојте ни да се сомневате. Кога јавно кажувам дека тие луѓе ми се мене како фамилија секако дека нема да го прекршам законот и доколку дојде кај мене таков предмет секако дека ќе барам иземање ако има таков предмет, рече Кацарска.