„Во име на фирмата и персоналот на Боката им се извинуваме на луѓето вработени во списанието Лице в лице. Како сите граѓани така и ние немаме ништо против лицата со посебни потреби и сите останати групи што се наведени во текстот.Секогаш сме поддржувале хуманитарни акции. Бараме разбирање бидејќи во нашиот локал секојдневно влегуваат лица од различни категории и не се сите со добра намера што ги вознемируваат нашите гости.

Во иднина ако сакате да го продавате вашето списание кај нас би ве замолиле предходно да бидеме известени и нема да има никакви проблеми. Како фирма би купиле по неколку примероци за да ја покажеме нашата хуманост која постојано ја правиме кон оваа група(чаша вода ,чај, користење на тоалетот). Се оградуваме од оштрината и реториката на самиот текст“, се вели во извинувањето.