Катрин Денев и француските жени го отфрлаат пуританизмот на #MeToo


Франција- Француската актерска дива Катрин Денев и 99 нејзини истомисленички во отворено писмо оценуваат дека бранот „денунцијации“ во рамките на #MeToo движењето се закана за сексуалната слобода и „лов на вештерки“.

Кампањата против сексуалното злоставување која се води под мотото #MeToo, а започна по откривањето на скандалот со холивудскиот продуцент Харви Вајнстин, се претвора во „пуританизам“, а се води од „омраза против мажите“, пишуваат француските жени. Меѓу потписничките на отвореното писмо објавено во францускиот весник „Ле Монд“ , освен Денев, се и критичарката Катрин Мије, издавачката Жоел Лосфелд и германската актерка и пејачка Ингрид Кавен.

„Силувањето е злосторство, но обидот да се заведе, дури и постојано или безопасно, не е, ниту пак кога мажот се однесува џентлменски е мачо напад“, се наведува во писмото. „Мажите се жигосуваат или се бркаат од работа само затоа што допреле нечие колено во обид да украдат бакнеж“.