Касиљас пред трансфер во Њукасл


Шпанскиот голман Икер Касиљас е на чекор од заминување од Порто и премин во премиерлигашот Њукасл, објави португалскиот весник „А Бола“.

Касиљас пред две сезони го напушти Реал Мадрид и мина во редовите на Порто, но проблемите со формата оваа сезона му „донесоа“ само 11 натпревари.

Касиљас во дресот на Реал Мадрид освои вкупно 18 трофеи, а долг период беше и капитен на „кралскиот клуб“.

Со репрезентацијата на Шпанија триумфираше на две европски и на едно светско првенство