Каролина стана заштитно лице на шпански моден бренд


Поп-ѕвездата Каролина Гочева (38) , по кампањите за американски и италијански брендови за козметика, облека и накит, стана заштитно лице и на шпански моден бренд за 2019 година.

Кампањата има за цел да ја истакне моќта на културата во заедницата, при тоа раскажувајќи приказни за жени кои не само што се убави туку се и реализирани, инспиративни и оставаат свој печат врз средината во која живеат и работат.

-Каролина со својот сензибилитет, префинетост, успех и постојана работа на себе е вистинска инспирација за многумина, велат од брендот.

Првата серија фотографии и комбинација е нежна и елегантна, во која носечко парче е таканаречниот слип дрес. Едноставен, а секси, овој фустан добива нова димензија кога оди во комбинација со палто со строги лини и неизбежната ремен-чанта, едно од клучните парчиња за оваа сезона. Уште еден моден детаљ кој е вистински “must-have” за пролет/лето 2019, се провидните чевли.

Фото: Ани и Дими