Кардинал злоупотребувал момчиња, Ватикан покрена истрага


Ватикан денеска порача дека отвора истрага по обвиненијата против поранешниот кардинал Џорџ Пел.
Пел е прогласен за виновен за сексуална злоупотреба на малолетници во неговата родна Австралија. Тој е висок службеник на Ватикан, а првата ноќ зад решетки ќе ја помине откако беше притворен поради обвиненијата дека пред две децении сексуално злоупотребувал две момчиња во Австралија.
Кардиналот Пел е прогласен за виновен за пет сексуални престапи направени над 13-годишни момчиња кои пееле во хорот на катедралата „Свети патрик“ во просториите на црквата пред 22 години.
Судот сослуша една од жртвите, затоа што другиот почина како последица од предозирање во 2014 година.