Карабатиќ доаѓа на СП


Најдобриот ракометар на светот се враќа на Светското првенство во францускиот национален тим и покрај повредата. Никола Карабатиќ од 2006 година ги предводеше „триколорите“ до четири светски, три европски, две олимписки злата. Франција едвај го совлада Бразил синоќа со 24:22 во првиот меч на Светското првенство, по што не задоцнија критиките од јавноста и навивачите.

Сепак, набргу потоа дојде веста дека нивниот најдобар играч се враќа во националниот тим и ситуацијата се потсмири. Повредата на левата нога, која ја лекува од средината на октомври минатата година до сега, се чинеше дека го остави Карабатиќ надвор од СП во Германија и Данска.

Ова требаше да биде првото големо натпреварување кое го пропушта за националниот тим. Тој досега учествувал на сите европски и светски шампионати, како и на Олимписките игри од 2003 година, откако е член на националниот тим