Капело: Роналдо ќе биде уште помотивиран по елиминацијата на Реал Мадрид


Фабио Капело изрази интересно мислење во врска со поразот на Реал Мадрид во осминафиналето во Лигата на шампионите, откако беше елиминиран од Ајакс. Според него, ова дополнително ќе ја мотивира поранешната ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо, како и целиот тим на Јувентус.

– Колку би било убаво да видиме и двете екипи од Мадрид да бидат елиминирани во сезона, во која финалето се игра во Мадрид. Елиминацијата на Реал Мадрид дополнително го мотивира Кристијано. Исто така ќе го мотивира Јувентус. Сега тие веруваат дека ќе можат да направат пресврт против Атлетико Мадрид, рече Капело за „Скај Спортс“.

Јувентус загуби со 0:2 во Мадрид и во реваншот ќе бара успех со три гола разлика, откако „црно-белите“ се сериозно решени да ја надминат негативата.