Канческа Милевска на судење за „Тендери“


Со приговори и натегања меѓу одбраната и обвинителството околу вештачењето на доказите и особено околу недлежностите на СЈО денеска во Кривичниот суд во Скопје почна судењето на поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска, како првообвинета во случајот „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Канческа-Милевска е обвинета за злоупотреби со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на ВМРО, од проектот „Скопје 2014“.

Обвинители од СЈО во овој случај се Стевчо Донев и Лиле Стефановска.

На почетокот на судењето, адвокатите Сашо Дуковски и Еленко Миланов реагираа до судот во врска со вештачењето од „ЕОС консалтинг“,оценувајќи го како необјективно. Станува збор за вештачење на подружница на италијанска компанија, која не може да се јавува како носител на вештачење. Вештачењето изработено на 700 страници е потпишано од Страхил Глигоровски. Лиценцата за работа на Глигорвски важела до 17 април 2017 година, а вештачењето било изготвено на 30 мај 2017. Лиценцата за работа на Глигоровски му била продолжена на 21 јули 2017 година. Од овие причини одбраната побара изземање на вештачењето на „ЕОС консалтинг“ заради необјективност и издвојување од другите списи во предметот.

Адвокатката Сања Алексиќ побара СЈО да им ги даде аудио материјалите, предложени на листата на докази, поради оспорување на надлежноста на СЈО, напоменувајќи дека е недоволно само со доставувањ ена ЦД-еа да се тврди деја СЈО е надлежно за водење на оваа постапка.

На ова обвинителот на СЈО, Стевчо Донев, реагираше дека истиот приговор бил изнесен и при поднесување на обвинителниот акт, за што Советот за оценка на обвиниението на 26 декември 2017 година бил одбиен како неоснован. За приговорот на вештачењето, пак, кажа дека согласно Законот за вештачење, откако ќе се продолжи важноста на лиценцата таа важи од следниот ден по престанокот на важноста. Кога била дадена наредбата за вештачење двете вешти лица имале важечки лиценци.

Апелацискиот суд Скопје во ноември лани реши дека „бомбите“ може да се користат како доказ во судската постапка и во случајот „Тендери“.