Камион со мигранти се преврте во Турција, 22 загинати


Бројот на жртвите во сообраќајната несреќа, која утрово се случи во Турција, се искачи на 22 лица, а меѓу загинатите има и деца. Во несреќата се повредени 13 лица, кои се пренесени во болница во близина.

Несреќата се случила кога камион со мигранти слетал од патот од Ајдин до Измир и се превртел.