(ФОТО) Календарот „Пирели 2019“ го слави субјектот, а не објектот


САД- Актери, топ-модели, дизајнери и балетани се ѕвезди на престижниот календар „Пирели 2019“. Топ-моделот Џиџи Хадид е ѕвездата со најмногу фотографии, што ги сними шкотскиот фотограф Алберт Ватсон во Њујорк и Мајами во април оваа година.

Покрај Џиџи, на календарот се појавуваат и балетаните Мисти Коупленд и Калвин Ројал, манекенката и актерка Летисја Каста, актерката Џулиа Гарнер и модниот дизајнер Александар Венг.

Овој календар ќе биде објавен кон почетокот на декември оваа година, а првото издание од култниот календар е објавено во 1964.

Календарот, прво како подарок на елитните клиенти на италијанската компанија за гуми, прерасна во култен календар кој го слави телото на жената. Сите се славни личности, а позираат исклучиво пред славни фотографи. Последните години календарот се свртува и кон личноста на жените кои позираат како и годинава кога се слави субјектот наместо објектот. Календарот „Пирели“ не е во продажба и го добиваат само 100 илјади претплатници низ светот.