Казни за загадувачите на Кејот на Вардар


Општина Карпош ќе ги загадува лицата што создаваат диви депонии на Кејот на Вардар, договориле градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и командирот на полициската станица Карпош, Владо Симјановски, на првата заедничка средба. Богоев посочил дека една од првите критични локации каде треба да се интервенира е Кејот на реката Вардар, односно мостот „Газела”, каде што честопати локалното население создава депонија. Богоев напоменал и дека мора да се врати редот околу градилиштата во Општината.

„Инспекторите на Општината се често на терен и го спроведуваат законот, но ставот на Општина Карпош е дека е потребна асистенција и на сообраќајната полиција, и тоа присуство на барем две патроли, една која би ги контролирала градежните активности во Тафталиџе и на улица Прашка, и втора на крајот на булеварот Илинден, со цел да се справат и да го спречат загадувањето кое се прави од градежната механизација“, рече Богоев. По средбата, тој најави, дека на пролет и во летниот период, Општината ќе ангажира лица кои во одреден период од денот ќе ги чуваат игралиштата, платоата, плоштадите и скверовите во Карпош, за да се обезбеди поголема безбедност на овие места.