Казнети седум граѓани со 45 евра затоа што денеска со кола тргнале на Водно
Сообраќајната полиција и денеска казнуваше граѓани кои се качуваа на Водно со возила.
-Седум граѓани се казнети денеска поради непочитување на забраната за движење на возила до Средно Водно. Сообраќајната полиција и денеска ги казнуваше граѓаните кои со возила се упатуваа кон Средно Водно. Казната е 45 евра или 25 казнени бода, објави Град Скопје на својата Фејсбук страна.
Вчера полицијата казни 13 граѓани за истиот прекршок.
Град Скопје мерката за забрана за движење на возила кон Средно Водно ја воведе пред три недели, со цел заштита на парк шумата Водно. Оттогаш пуштени се две нови автобуски линии кои беспатно возат до Средно Водно, а исто така воведено е и бесплатно паркирање на паркиралиштата кај почетниците станици на линиите.
Минатиот викенд на Водно немаше полиција. Од МВР тогаш рекоа дека биле ангажирани за протестот на ВМРО-ДПМНЕ, па паркингот на Средно Водно беше полн со возила